More

    Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници

    spot_img

    Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници. По сите наставни предмети и на сите наставни јазици учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти денеска Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН.

    По минатогодишното доцнење на учебниците и констатацијата од КСЗД дека е направена продолжена дискриминација врз учениците, Комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај.

    Како што рече Весна Бендевска, член на КСЗД, тие утврдиле дека МОН не ја отстранило повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема популација ученици од основното образование во зададениот рок (31 август), што било негова законска обврска.

    На седница на Комисијата утре таа ќе извести за неисполнетата препорака и ќе се одлучува за евентуална судска тужба за случај од јавен интерес односно за системска и продолжена дискриминација на учениците. Тоа би било прв случај КСЗД да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.

    – Кога една препорака не е спроведена, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор. Но, во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација. Голем број ученици кои учат на различни јазици во основното образование остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаења и образување. Таквата форма на дискриминација, според законот, е структурна, системска, што ја прават институциите. Во таков случај Комисијата, согласно законот, има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата – истакна Бендевска.

    Според извештајот, по ниту еден задолжителен предмети учебници ќе немаат учениците од шесто одделение – вкупно 10 наставни предмети за кои сѐ уште нема одобрување.

    Учениците од трето одделение ја почнуваат оваа година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Учебниците по македонски, албански, турски и босански јазик не се готови. Допрва следува нивно „печатење, преведување и дистрибуција“ што МОН го нарекува „завршна фаза“. Во истата фаза се и учебниците по природни науки и општество. Учебникот по српски јазик нема ни одобрение од Националната комисија. Учебник по математика ќе нема, ниту досега е распишан јавен повик за формирање авторски тим, а истиот ќе треба да се преведе и на сите други наставни јазици, соопшти Бендевска.

    Вкупно 20 учебници по странски јазици, како прв или втор предмет во сите девет одделенија, сѐ уште немаат одобрение за употреба од Педагошката служба и сите, во извештајот од МОН, имале статус: „во напредна фаза на одобрување“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img