Од 10 мај ќе продолжи наставата во ОУ„Владислав Рибникар“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за образование, Министерството за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвија План за интервенција во кризи.

Планот предвидува организирано обезбедување стручна индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање на училиште, кој МИА во целост го пренесува, јави дописникот од Белград.

Организираната професионална, индивидуална и групна поддршка започна вчера и во наредниот период ќе ја обезбедуваат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Здружението на психолози во термини што ќе се достават до родителите.

Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати.

Учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение.

Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето.

Стручна поддршка ќе биде дадена во музичките и балетските училишта кои ги посетуваа трагично настраданите ученици, како и во училиштата во Смедерево и Младеновац, каде ќе се формираат Училишни кризни тимови и ќе се обезбеди стручна психолошка поддршка за учениците, вработените и родителите.

Исто така, министерот за образование Бранко Ружиќ и министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ се договорија локалните совети за безбедност, во кои се вклучени сите државни сектори и јавни служби на локално ниво, да бидат вклучени во поддршката на учениците, нивните родители, вработените и во сите училишта во Србија, бидејќи без оглед на тоа што многу деца не биле вклучени во настанот, веќе имале сознание, и можат да покажат одредени реакции на трауматичниот настан, за што е потребна поддршка од заедницата.

Share This Article