Од 10 јуни стартува апликација „mAiGreece“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Информации за болници, амбасади, плажи, полициски станици, музеи и слично, достапни на 31 јазик, вклучува новата апликација „mAiGreece“ на грчката Влада што ќе функционира како дигитален асистент и со употреба на вештачката интелигенција ќе им помага на туристите за време на нивниот престој во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Апликацијата ќе биде достапна од 10 јуни. Денеска, новата апликација корисна за туристите во Грција, ја презентираа министерката за туризам на Грција, Олга Кефалојани и министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу.

Според најавите „mAiGreece“ може да даде одговори за: болници низ цела Грција, здравствени центри, амбасади и конзулати на странски држави во земјата,  полициски станици, плажи со сини знамиња, музеи, ќе пренесува содржини од апликацијата visitgreece.gr и ќе одговори на најчесто поставувани прашања.

Дополнително, ќе има и функција за итни случаи преку копчето 112, преку кое може да се испрати смс порака до оперативниот центар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита со географската локација на испраќачот.

Апликацијата поддржува 31 јазик, односно официјалните јазици на ЕУ, како и албански, кинески, јапонски, турски, хебрејски, арапски и корејски.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани рече дека „mAiGreece“ е важен чекор кон „зајакнување на квалитетните карактеристики на грчкиот туризам“, но и уште повеќе да се зајакне „чувството на безбедност и гостопримство, што веќе се главните предности на грчкиот туризам“.

Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу истакна дека од 10 јуни сите посетители, но и грчките туристи, бесплатно, ќе имаат на располагање личен дигитален туристички водич.

Share This Article