More

    Од 1 ноември ќе секне изворот, земјата најави други алтернативи

    spot_img

    Министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ во Крушевац изјави дека шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија значи дека од 1 ноември повеќе нема да може да се купува сурова нафта од таа земја и дека НИС ќе мора да набавува нафта од други добавувачи на пазарот. Таа додаде дека смета дека тоа нема да влијае на пазарот во Србија.

    Михајловиќ нагласи дека по 1 ноември снабдувањето со сурова нафта ќе биде можно само од слободниот пазар.

    – Веќе два месеци знаеме за таа одлука (ЕУ) и правиме се што можеме да најдеме начин да спречиме нарушување на нашиот пазар и верувам дека ќе успееме во тоа – посочи Михајловиќ.

    Таа додаде дека НИС набавува сурова нафта преку ( Јадрански нафтовод) „JANAF“ и дека до сега не купувала целосно руска нафта, но дека увезувала и од Ирак и „други земји“.

    – Во вкупниот биланс околу 50 отсто беше руска нафта, 30 отсто од други добавувачи, а 20 отсто домашна сирова нафта – рече Михајловиќ во Крушевац.

    Претседателот на Србија, Алексаданр Вучиќ, на прес-конференција одржана во недела, 21 август, рече дека од 1 ноември земјата е „под санкции“ и дека Србија ќе остане без руска нафта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img