More

    Владата ќе прогласи нова кризна состојба во енергетскиот сектор

    spot_img

    Во четврток Владата ќе прогласи нова кризна состојба во енергетскиот сектор, која ќе стапи на сила од први септември, најавија од минситерството за економија.

    Ова ќе биде втора по ред од почетокот на годинава. Со прогласувањето на кризна состојба надлежните ќе може финансиски да го помагаат ЕСМ во набавката на енергенси за да се стават во функција сите енергетски капацитети.

    Со кризната состојба ќе стапат на сила и мерките за штедење, кои се обврзувачки за државните институции, а со нив државата очекува за 15% да ја намали потрошувачката на електрична енергија.

    Според енергетските експерти, тие 15% се незначителни и малку. Професорот по енергетика Константин Димитров изрази и сомнеж дали институциите воопшто ќе успеат да се придржуваат до мерките.

    – Тие предвидени 15% дали се доволни, не се доволни. Веќе домаќинствата максимално штедат, работат најекономично, бидејќи тоа влијае на домашен буџет,а колку можат државни институции каде државата им плаќа, колку тие ќе бидат домаќини и колку ќе се спроведе контрола. Што има сега да се решава, требаше пред две години да се спроведе само законот за енергетска ефикасност – изјави проф. Константин Димитров, енергетски експерт.

    Освен државните институции, препораки за штедење добија фирмите, домаќинствата и општините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img