More

    Од 05 до 11 февруари годинава пријавени се 1.875 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип

    spot_img

    Од 05 до 11 февруари годинава пријавени се 1.875 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип. Тоа претставува 13,4 отсто повеќе во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Скопје кое било хоспитализирано во УК за пулмологија и алергологија и КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети – кардиоваскуларни, белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А – несубтипизиран.

    Од 56 материјали при лабораториско тестирање, детектирани се 12 позитивни случаи на Influenza: 11 Influenza А(H1)pdm09 и 1 Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е еден пациент со SARS-CoV-2.

    Во однос на возрасната дистрибуција, 1.139 лица се на возраст од 15-64 години, 424 се деца на возраст од 5-14 години, 147 се деца на возраст до четири години и 165 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години. Заболените се пријавени во Кавадарци – 332, Скопје – 209, Битола – 180, Струмица – 179, а во останатите градови бројот на пријавени е помал или еднаков на 150 заболени.

    Во пет градови се регистрира многу ниска, во 11 сезонска, во 10 средна, во Ресен – висока, а во Кавадарци и во Кратово – многу висока активност на вирусот грип.

    Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 10.537. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,7 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 0,4 проценти.

    Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се девет починати лица асоцирани со грип, четири од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и од Штип. Пет лица биле во возрасната група 15-64 години и четири над 65 години, сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан Influenza А(H1)pdm09, а кај едно – Influenza А – несубтипизиран.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img