Илон Маск синоќа на социјалната платформа „Икс“ сподели интересно видео од Би-Би-Си во кое очевидец на атентатот на Доналд Трамп тврди дека пред пукањето заедно со група други поддржувачи го видел напаѓачот и се обидел да ја предупреди полицијата за него.
Маск во соопшението напиша дека „шефот на Тајната служба и командантот на оваа операција треба да поднесат оставка“, поради тоа што го кажа посетителот.
Видно потресениот маж кој беше на митингот вака сведочеше за настанот:
– Дојдовме да го гледаме и слушаме митингот, не можевме да го видиме (Трамп), но можевме да го слушнеме. Така се приближивме и веројатно пет до седум минути додека Трамп зборуваше, проценувам овде, немам поим, ние забележавме тип како лази на покривот до нас, па стоиме таму, знаеш. Ние покажуваме кон типот што лази на покривот, а полицијата трча долу. Ние сме како „Еј човеку, има еден тип на покривот“, а полицијата беше како „А? Што на покривот?“, како да не знаеја што се случува. Ние им велевме: „Го гледаме, баш овде на кровот. Го гледаме оттука. Ползи“.
Неименуваниот очевидец ја продолжува својата приказна:
– Следното нешто што се случи, си мислам во себе, зошто Трамп сè уште зборува? Зошто не го извлекоа од бината? Стојам и покажувам кон него, две, три минути. Тајната служба нè гледа од врвот на шталата. Покажувам на кровот, стоејќи така. И следно што се случува – се слушаат пет истрели.
Интресно е што очевидецот не е уверен дека истрелите дошле од самиот покрив каде тој и други очевидци го виделе човекот со пушката.
– Сто проценти. Го гледавме горе неколку минути. Апсолутно. Најмалку 3 до 4 минути. Ѝ рековме на полицијата, покажуваме на него кон Тајната служба, која пак, не гледаше од врвот на шталата. Гледаа во нас цело време. А ние стоевме покрај тоа дрво.
На прашањето дали припадниците на Тајната служба можеле да го видат напаѓачот, очевидецот вели дека веројатно не можеле да го видат, но се прашува зошто припадниците на службата не биле на сите околни покриви како обезбедување.