Обвинителството предложи казна затвор од 20 години за монструмот од Младеновац

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона. Паралелно, покрај неговата куќа во Мало Орашје која ја обезбедува полицијата, фрлена е запалива течност на тревата, но немало никаква штета, ниту, пак, некој бил уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.

Како и на сите претходни рочишта и денеска дошле бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац.

Освен Урош Блажиќ, кому му се суди за убиство на девет лица и за ранување на 12 лица, обвинет е и неговиот татко, Радиша Блажиќ, за недозволено поседување оружје, муниција и за експлозивни материјали.

Урош Блажиќ ја призна вината и рече дека е подготвен да одговара за стореното дело. При изнесувањето на својата одбрана рече дека нелегално набавил оружје, а неговиот татко, Радиша Блажиќ, кој е пензиониран офицер за безбедност, не знаел дека син му го поседува, како и дека не знаел од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

За денешното рочиште имаше распит на вештаци и прикажување одредени видео снимки, меѓу кои и видеото во телефонот на Урош Блажиќ, облечен како каубој.

„Капа на глава, а револвер во рака. Некој од домаќините го снима Радиша Блажиќ кој арогантно влегува со сончеви очила и стои до елка, сето тоа проследено со смеа од страна на сите домашни, па се движи кон друга соба. Потоа се гледа како Радиша Блажиќ вели ‘Добриот, лошиот и злобниот’ “, пишува Курир.

Медиумите го наведуваат и сведочењето на д-р Марија Паниќ, за психијатриската проценка на Урош Блажиќ, која кажа дека „смета оти осомничениот Урош Блажиќ немал причина да го стори кривичното дело, поточно немал психолошки пречки за да го стори“.

Ова доаѓа по тврдењата на одбраната дека Блажиќ бил агресивен поради суплементи со високо ниво на тестостерон кои „му го поматиле умот“.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево предложи максимална казна затвор од 20 години за Урош Блажиќ и за неговиот татко бидејќи тој не може да биде осуден на доживотен затвор оти во моментот кога го извршил делото немал 21 година.

- Advertisement -
Ad image

Од безбедносни причини, судењето од Смедерево беше преместено во судницата на Специјалниот суд во Белград поради инцидентот што се случи во мај 2024 година на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

Share This Article