Обвинителството отвори предмет по анонимна пријава за фалсикување документи на Христовски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет по доставена анонимна кривична пријава, против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски.

Од Обвинителство потврдуваат дека до нив е пристигната анонимна пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.
Од СДСМ го повикаа Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности и да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот“, се вели во соопштението од СДСМ.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) минатата недела отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски.

Share This Article