Обвинение против фирма од Рашче и нејзиниот управител

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство од Скопје денеска поднесе обвинение против 41-годишен скопјанец, управител на фирма од Рашче, поради тоа што во текот на 2021 година, со лажна лиценца за вршење на меѓународниот патен сообраќај, негов автобус преку возачи 20 пати ја преминал државна граница.

„Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“, соопшти ЈО.

Со тоа обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

„Прибраните докази во текот на претходната постапка, кои се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини задолжени за контрола на изводите од лиценци, Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги достави на надлежно постапување на Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, соопштуваат од ЈО.

Share This Article