More

    Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје.

    Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

    Видео материјал:

    Обраќање на претседателот Пендаровски – https://youtu.be/ajWfNN4jq6M

    Инсерти – https://youtu.be/MgmaCuMatBE

    Почитувани Началници на генералштабовите,

    Почитуван врховен командант на силите на САД за Европа,

    Почитувана министерке,

    Почитуван началник на Генералштаб,

    Драги пријатели,

    Дами и господа,

    Ми претставува особена чест да се обратам на отворањето на 26-та конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба.

    Дозволете ми на почетокот да го искажам моето задоволство што оваа година претседавањето со А5 групацијата го презеде Република Северна Македонија што претставува наше прво претседавање како земја – членка на НАТО. А, ова претседавање се совпаѓа и со 20 годишнината од основањето на оваа иницијатива, кога одбележуваме две децении успешна заедничка соработка.

    Секогаш сакам да го истакнам фактот дека ми е особено драго што лично бев дел од самиот почеток на иницијативата, затоа и моето задоволство е дотолку поголемо кога гледам дека оваа иницијатива и по две децении продолжува да опстојува и да се проширува. Патем кажано, ова покажува и колку сме стари.

    Ако се навратиме низ историјата, Јадранската повелба, започна како формат на соработка меѓу тогашните членки на Партнерство за мир, Албанија, Македонија и Хрватска, во мај 2003 година, со цел да ги координираат своите активности во процесот на интеграција во НАТО, а, под покровителство на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Подоцна, во текот на 2008 година на иницијативата се приклучија и Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во Јануари 2009 година иницијативата доби нов формат, а проширената А5, со континуирана поддршка од САД, додаде многу повеќе во концептот на регионална безбедност и соработка на Западниот Балкан.

    Од формирањeто до денес, Јадранската повелба во голем степен ја има исполнето иницијалната цел за која и беше основана, а тоа е промовирање и имплементација на „политиката на отворена врата“ на НАТО, за што е доказ и тоа што, практично, четири од петте земји членки на иницијативата (Хрватска, Албанија, Црна Гора и Македонија) се веќе членки и на алијансата.

    Тоа потврдува дека вратата за проширување на Алијансата останува отворена не само за земјите во регионот, туку и пошироко, за сите оние држави кои се посветени на реформските процеси, ги делат вредностите на алијансата и се подготвени да дадат придонес кон колективната одбрана и безбедност.

    За време на сите изминати години, Северна Македонија како земја иницијатор, без двоумење, се вложи во промовирање на целите на Повелбата и ќе продолжи да го прави тоа, со цел, на најдобар начин да бидат разбрани и прифатени предностите на партнерството и интеграцијата во НАТО Алијансата.

    Во тој контекст, сакам посебно да го истакнам значењето на севкупната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави кои и денеска продолжуваат да ја даваат за евро-атланските аспирации на државите од Западен Балкан, а во функција на обезбедување на мир и просперитет на целиот регион.

    Почитувани,

    Сведоци сме дека оваа конференција се одржува во време на предизвици без преседан за безбедносната архитектура на Европа, поттикнати од инвазијата на Русија врз Украина. Европа е исправена пред најголем историски предизвик од крајот на Студената војна. Генерации и генерации повоени европски политичари беа уверени дека нашиот континент никогаш повеќе нема да биде сведок на ваква страшна трагедија, меѓутоа, руската инвазија против Украина на флагрантен начин ги поништи клучните принципи на меѓународниот правен поредок.

    Уште од самиот почеток, најостро ја осудивме нелегалната инвазија на Русија. Северна Македонија целосно ги поддржува напорите на НАТО и придонесува со свои капацитети за зајакнување на безбедноста на источното крило на Алијансата. Во моментов сме меѓу првите пет држави-членки на Алијансата според соодносот меѓу бруто домашниот производ и воената и материјално-техничката помош која и ја даваме на Украина во овој критичен период. Точно е дека војната во Украина може да потрае, но ние сме подготвени да продолжиме да помагаме затоа што сметаме дека одбраната на Украина е одбрана на европскиот и меѓународниот поредок заснован на принципи.

    Руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметна потребата Европската Унија да се фокусира на интеграцијата со земјите од Западниот Балкан, процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на нашиот регион, затоа што НАТО и Европската Унија се двата коридори за предвидлива и просперитетна иднина.

    За жал, пролонгирањето на евроинтеграциите, од различни причини, практично на сите западно балкански држави, го разнишува кредибилитетот на Европската Унија. Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот. Повеќе истражувања на јавното мислење покажуваат дека опаѓа подршката за западно ориентираните организации и земји и за прв пат после три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување. Како што беше неспорно дека одредени странски ентитети настојуваа да го спречат нашето зачленување во НАТО, така денес настојуваат да ги спречат процесите на интеграција на земјата во Европската Унија. За таа цел, се развиваат хибридни стратегии и закани, се изведуваат сајбер напади и се продуцираат лажни вести и дезинформации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во институциите и во кредибилноста на регионалните организации во кои сме или сакаме да бидеме.

    Почитувани,

    Стабилноста и просперитетот на регионот се еден од врвните надворешно – политички приоритети на Северна Македонија. Со таквите определби за мир и безбедност, дијалог, споделена одговорност и активен ангажман, го презедовме претседавањето со САД-Јадранската повелба оваа година. Преку нашиот проактивен пристап и иницијатива за зајакнување на политичката димензија и релевантност на Јадранската повелба, уште еднаш ја докажуваме нашата улога и придонес за стабилизирање и просперитет на регионот. При тоа, дозволете уште еднаш да истакнам дека даваме безрезервна поддршка на „политиката на отворена врата“ на НАТО и особено аспирациите на земјите од регионот кои сакаат да пристапат кон Алијансата.

    На крајот, дозволете да се заблагодарам за можноста да се обратам на отварањето на оваа конференција и се разбира да ви посакам успешна работа.

    Благодарам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img