Светот на шоубизнисот беше изненаден кога во неделата одекна веста дека латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчале во Лас Вегас.
Џенифер Лопез го зеде презимето на Бен Афлек, фановите кои не беа многу задоволни од таа промена се огласија на социјалните мрежи. Обожавателите оставија коментари под твитот на новинарот на BuzzFeed, Дејвид Мек.
„Ова не е одлично, но дали можеме да зборуваме за Геза?“, напиша еден корисник, мислејќи на средното име на Бен Афлек. „Одбивам да ја наречам J. Aff“, „Чекај, зошто не си го земаа презимето еден на друг? Тоа би било многу поромантично“, додале други корисници.
Меѓутоа, Унилад објаснува дека фановите на Џенифер Лопез не треба да бидат изненадени. Потсетија дека во 2003 година, на прашањето дали ќе го задржи своето презиме откако ќе се омажи за Афлек, пејачката одговори: „Мислам дека ќе продолжам да ја користам Џенифер Лопез за настапи, но очигледно ќе се викам Џенифер Афлек“.
Свадбата тогаш беше закажана за септември 2003 година, но тие не се венчаа, туку се разделија.
ФОТО: Инстаграм/Твитер