Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загина откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица.
Според првичните информации, во експлозијата на бомбата се повредени пет лица, од кои едно потешко.
„Во 11:35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдиле дека починал М.Б. (39) кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица кои се лекуваат во Клиничкиот центар“, изјави Срѓа Кораќ од Криминалистичката полиција за црногорски Вијести.
Истрагата е во тек. Полицијата и екипите на итната помош се на терен.