More

    Објавено која ѕвезда ќе пее на полувремето на Супербол, обожавателите разочарани

    spot_img

    Најголемото натпреварување во американскиот фудбал, Супербол, секоја година на полувремето е домаќин на спектакуларен музички настап. НФЛ, Епл мјузик и Рок нејшн открија дека овогодинешната ѕвезда на изборот е пејачот Ашер (44), поради што многумина се разочарани.

    – Животна чест ми е конечно да го прецртам настапот на Супербол од мојата листа на желби. Едвај чекам да му донесам на светот шоу поинакво од сè што досега виделе од мене. Благодарност до навивачите и на сите што ја овозможија оваа можност. Се гледаме наскоро – рече Ашер, а НФЛ објави на своите социјални мрежи.

    За настапот на Ашер, фановите беа информирани и преку социјалните мрежи, со видео во кое Ким Кардашијан му вели на пејачот дека ќе настапува.

    „Ашер е икона чија музика остави неизбришлива трага на културниот пејсаж во текот на неговата кариера и не би можеле да бидеме повозбудени што ќе биде главен во овогодинешното Apple Music Super Bowl Halftime Show“, рече Сет Дудовски, музички директор на НФЛ.

    Бидејќи Супербол претходно донесе ѕвезди како Џенифер Лопез, Ријана, Шакира и Еминем, некои сметаат дека Ашер не е на висина на задачата.

    – Се чини дека и тие се погодени од кратењето на буџетот, ова нема да им се допадне на младите, не сме во 2014 година, што правите – гласат некои реакции на Икс (поранешен Твитер), додека другиот дел од публиката беше воодушевен од изборот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img