Русија во понеделник ја слави 77-годишнината од победата над Хитлерова Германија, а претседателот Владимир Путин го одржа долгоочекуваниот говор за настаните од војната против Украина.Сепак, и покрај најавите, воздушниот дел од парадата во Москва нема да се одржи поради временските услови, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена поворка на која присуствуваа околу 11.000 војници. Изложени се тенкови и друга воена опрема.