Денеска од 15 часот литар еуродизел на бензинските пумпи во Србија ќе чини 195 динари, а литар бензин Еуропремиум БМБ 173 динари, пренесува Блиц.
Споредено со цената на горивата од минатата недела, дизелот и бензините поевтинуваат за два динари, пишува Блиц.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.689 долари за барел, а цената на нафтата од типот брент на 75.504 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36.500 евра за мегават-час.