More

    Објавени нови детали од истрагата за терористичкиот напад во Москва

    spot_img

    Двајцата терористи кои учествуваа во нападот на концертната сала Крокус во Москва најверојатно добиле инструкции кога патувале во Турција додека останатитебиле регрутирани на територијата на Русија!

    Руска „Известија“, повикувајќи се на извор од истрагата, наведува дека хонорарот од 500.000 рубљи, кој еден од терористите го спомнал при сослушувањето, всушност се пари што и биле ветени на целата група, а не на поединец.

    – Групата не може да се нарече организирана терористичка ќелија во класична смисла бидејќи не постоела во рамките на некоја структура. Формирана е буквално неколку недели пред терористичкиот напад – објаснил изворот.

    Според него, за нападот биле избрани луѓе за кои претходно не се знаело дека се посветени на радикалниот ислам, така што на специјалните служби им било тешко да спречат го терористички напад во фаза на подготовка.

    – Истрагата покажува дека осомничените се сретнале пред околу 3 или 4 недели. На социјалните мрежи нема докази за нивната поврзаност со радикални исламистички групи – додава изворот.

    „Известија“ наведува дека напаѓачите најверојатно биле избрани по случаен избор и дека биле опседнати со беспарица и радикализирани од нарачателот.

    Непосредните подготовки почнале неколку недели пред нападот.
    Шамсудин Фаридуни, еден од осомничените, пристигнал во Русија од Турција на 4 март, а  на 7 март е виден  во Крокус . Тој ден во салата имало концерт на италијанскиот тенор Алесандро Сафина и терористот очигледно го проучувал распоредот во зградата и локацијата на безбедносните контролни пунктови.

    Се претпоставува дека во меѓувреме биле регрутирани и другите напаѓачи.

    Најмладиот од нив, Мухамедсобир Фајзов, кој има 19 години, со години живеел во Иваново и работел како стилист во козметички салони. Медиумите пренесуваат дека одел во теретана и вежбал кик-бокс. На крајот на јануари ненадејно дал отказ во фризерскиот салон и му се губи секаква трага. Се испостави дека тој од февруари веќе живеел во хостел во Москва со Фаридуни, а третиот член на групата, Далерјон Мирзоев, ги посетувал. Засега нема подетални информации за четвртоосомничениот Рачабализода Муродали.
    Според сведочењата на осомничените, регрутирањето било извршено на Телеграм каналот на вахабистички проповедници.

    – Ја слушав лекцијата на проповедникот на Телеграм. Потоа ми пиша неговиот помошник, ми понуди пари, 500.000 рубљи – рекол Шамсудин Фаридуни на распитот и додал дека 250.000 рубљи му биле префрлени како аванс.

    Терористите упаднаа во Крокус во петокот непосредно пред почетокот на концертот.

    Познато е дека првите истрели се слушнале околу 20 часот откако бел автомобил Рено влетал на паркингот на трговскиот центар. Најмалку двајца од нив имале ранци со бензин, со кој подоцна ја запалиле концертната сала.

    – Застанале на бензинска пумпа пред нападот и наполниле бензин во пластични шишиња. Бензинот го искористиле за да ја запалат салата – изјавил за „Известија“ добро информиран извор.

    Веќе на влезот отвориле оган врз посетителите. Во 20.03 влегле во концертната сала. Додека едни пукаат во луѓето, други полеваат со бензин на столици на неколку места одеднаш.

    Тие останале во фоајето следните десет минути, по што ја напуштиле зградата и тргнале со истиот автомобил. Возилото било запрено на околу 400 километри во Брјанска област. Двајца осомничени веднаш биле приведени, додека другите побегнале во шумскиот појас.

    За нивно апсење организирана е специјална операција во која учествувале 300 војници и полицајци. Еден од терористите бил извлечен од дрвото каде што се качил да се сокрие, додека другиот бил откриен од кучиња трагачи во грмушките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img