Годинашни добитници на Нобеловата награда за мир се Алес Бијалиацки од Белорусија, како и руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи, објави Одборот за доделување во Осло.
Годинава престижната награда ја добија еден поединец и две организации.
Наградата им беше доделена „за претставување на граѓанското општество во нивните земји и заштита на човековите права на своите граѓани“.
За оваа престижна награда беа номинирани 343 поединци и организации.