More

    Објавени детали за авионската несреќа кај Кавала

    spot_img

    Украински државјани се осумтемина членови на екипажот во карго авионот Антонов-12 што доцна синоќа се урна, откако претходно се запали, во близина на грчкиот град Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, јави дописничката на МИА од Атина.

    По несреќата, во која нема преживеани, пожарот е целосно изгасен, а противпожарната служба на Грција, утрово со дрон го испитуваше теренот и според локалните власти, освен остатоци од авионот и муницијата, дронот регистрирал и делови од човечки тела.

    Портпаролот на украинското МНР, како и генералниот конзул на Украина во Солун, кој е на местото на несреќата, потврдија дека членовите на екипажот биле нивни државјани.

    Според грчките медиуми, се очекува во Кавала да пристигне специјален тим за нуклеарно- хемиско- биолошка одбрана од Министерството за одбрана на Грција за да ја истражи опасноста од евентуални токсични материи и за да се одреди понатамошниот тек на истрагата.

    Поради веројатноста токсични материи да се испуштени во воздухот, од жителите од околните села било побарано да не ги отвораат прозорците и да не користат клима уреди.

    Освен изјавите на локалните власти, во Грција засега не постојат официјални информации околу несреќата, а грчките медиуми се повикуваат на свои извори, но и на информациите во српските медиуми по прес конференцијата на министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ, кој рече дека авионот што е во сопственост на украинската фирма „Меридиан“, полетал од Ниш и пренесувал 11,5 тони муниција за Министерството за одбрана на Бангладеш.

    Според Срефанивиќ летот ги имал сите уредни дозволи, согласно меѓународните прописи, а ги демантираше натписите во дел од српските, но и странските медиуми дека со авионот се пренесувало оружје од Србија за Украина.

    Од компанијата „Меридиан ер карго“, во чија сопственост е авионот, за грчкиот информативен портал „Њуз247“ рекле дека авионот пренесувал опасен товар, околу 12 тони муниција од Србија и крајната дестинација бил Аман во Јордан, а паралелно истакнале дека муницијата не е поврзана со Русија или Украина.

    Карго авионот Антонов-12 се урна синоќа околу 23 часот по локално време откако помалку од час и половина претходно полетал од Ниш.

    Неофицијално авионот имал проблем со еден од моторите, пилотот доставил барање за принудно слетување во Кавала, но не успеал да пристигне до аеродромот и откако претходно се запалил во воздух, се урнал помеѓу две села западно од грчкиот град.

    Очевидци за грчките медиуми велат дека слушнале силен звук и виделе огнена топка што паѓа, а по падот, се слушале и експлозии.

    Од противпожарната служба на Грција, веднаш по падот на авионот соопштија дека интервенираат 15 пожарникари со седум возила, а на местото на несреќата пристигнаа и спасувачки екипи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img