Објавата на свршеницата на милијардерот Џеф Безос ги воодушеви нејзините следбеници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Свршеницата на познатиот милијардер Џеф Безос е активна на Инстаграм каде што често ги споделува своите размислувања и некои животни моменти со своите следбеници. Таа со последната објава покажа како ја поминува паузата за ручек со свршеникот Безос.

Откако ја објавија својата љубов во јавноста, Џеф Безос и неговата сакана не се срамат да покажат колку се среќни во љубовта, а најновата објава на атрактивната Санчез покажува како поминуваат време меѓу состаноците на Безос.

Санчез сподели заедничка фотографија и напиша дека нема ништо поубаво отколку кога ќе го види за време на паузите за ручек.

„Ништо подобро од тоа кога ќе го видам на ручек помеѓу неговите состаноци“, напиша Лорен Санчез на заедничката фотографија која ја сподели со своите 350.000 следбеници на Инстаграм.

Кети Пери и Крис Џенер, блиски пријатели на парот, ја коментираа фотографијата.

Санчез и Безос се верија кон крајот на мај, откако ја објавија својата врска во јануари 2019 година. Откако ја признаа својата љубов пред јавноста, Безос и Санчез се неразделни и се појавуваат на многу забави заедно, вклучувајќи ја и онаа на „Ванити фер“ по Оскарите во 2023 година.

Летово заедно го поминаа на импозантната едрилица по име „Кора“, а на неа запловија до хрватското приморје и уживаа во Дубровник, во друштво на Кети Пери, Орландо Блум, Ашер…

ФОТО: Инстаграм

Share This Article