More

    Обезбедени се пари за плати, за пензии и за набавка на опрема

    spot_img

    Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ,…

    Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата, со дополнетиот буџет се обезбедуваат средства за исплата на плати и набавка на опрема.

    -ДИК доби дополнителни 350 милиони денари, Инспекцискиот совет 147 милиони, МВР 60 милиони за набавка на материјали за лични документи, МАНУ 18,7 милиони за научно-истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавака на опрема, информира министерката.

    Димитриеска-Кочоска посочи дека дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2024 ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието.

    Дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.

    „Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350  милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР  за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони  денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител.

    Ребалансот е документ којшто го подготвивме и го надоградивме, а со кој ги надоместуваме пропустите во планирањето на иницијалниот Буџет и обезбедуваме средства за исплата на сите права согласно закон. На тој начин обезбедивме средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината, средства за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, за здравство  и слично.

    Со Ребаланс на Буџет министерката ги наброја ставките што се обезбедениивме.

    „Над 4  милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година и тоа: Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност;  Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата;  Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените“, се наведува во соопштението.

    5,1 милијарди денари дополнително се исплатени за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните.

    „За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони  денари;  за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски; Дополнително обезбедивме уште; 1 милијарда денари за ТИРЗ; за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари; за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии; Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините“, соопшти министерката за финансии.

    Таа рече дека намерата на Владата е со овој ребаланс да се обезбеди непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img