More

    Нутриционистот објасни кој е вистинското, а кое погрешно време за ужина

    spot_img

    Покрај видот на ужината што ја јадете, важно е и кога ја јадете.

    Не постои „погрешно“ време од денот за јадење – во зависност од вашиот распоред, времето на оброците ќе варира. Но, сите знаеме дека грицкањето храна со ниски хранливи материи често не е најздравиот избор.

    Истражувањата покажуваат дека 75 отсто од конзумираните грицки се тешки за обработка, а тоа се најлошите видови грицки. Покрај видот на ужината што ја јадете, важно е и кога јадете. Во научен подкаст за исхраната, д-р Сара Бери го откри најлошото време за ужина, пренесува Метро.

    „Истражувањето навистина јасно покажува дека ако јадете доцна, после 18 часот или многу доцна по 21 часот, тоа има навистина штетни ефекти врз вашето здравје, а има и многу други рандомизирани контролни испитувања за да го поддржат тоа“, вели таа, додавајќи дека во моментов, околу 35 проценти од луѓето грицуваат во доцните вечерни часови, поблиску до времето за спиење.

    Тоа е лоша навика која се воспоставила кај многу луѓе.

    Во подкастот, тие дадоа пример на луѓе кои гледаат телевизија и грицкаат разни видови храна – од сендвичи и колачи до разни пијалоци и слатки. Значи, ако оваа навика е вкоренета, најдобриот следен чекор е да изберете поздрави закуски како темно чоколадо, јаткасти плодови, овошје, зеленчук и грчки јогурт.

    Исто така, оваа навика може да биде знак за „синдром на ноќна исхрана“, кој може да предизвика несоница и зголемување на телесната тежина, но може негативно да влијае и на менталното здравје.

    А студијата спроведена на глувци открила зголемување на маснотиите во крвта со доцните оброци, пренесува Вечарњи.хр.
    И според една студија од 2013 година, луѓето со прекумерна тежина кои јаделе рано во текот на денот изгубиле приближно 12 проценти од нивната телесна тежина, додека оние кои јаделе доцна изгубиле само осум проценти, иако сите ја следеле истата диета и режим на вежбање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img