Сите термоелектрани во земјава имаат А интегрирана дозвола, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел од енергетските капацитети во земјата ќе работат на јаглен и мазут.
– Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите – рече Нуредини денеска во Тетово по официјалниот почеток на проектот „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES”.
Нуредини оцени дека последните години се забележува намалување на аерозагадувањето во земјава.
– На добар пат сме. Никогаш не е лесно да се намали аерозагадувањето, но го менуваме начинот на греење во државните институции и ги поддржуваме граѓаните со субвенции – додаде тој.