More

    „Нуклеарната“ изјава на Зеленски го стави на тапет на Запад, но и во Кремљ

    spot_img

    „Уште еднаш апелирам до меѓународната заедница, како што беше и пред 24 февруари: Превентивни напади врз Русите за да знаат што ќе се случи со нив ако го користат(нуклеарното оружје), а не обратно“.

    Вака во четвртокот изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за австралискиот институт Лови, а потоа беше веднаш беше ставен на тапет на западните, но и на руските медиуми. Зборот превентивно, или на нашки, за секој случај, одекна и до Кремљ кој ја искористи изјавата за да оправда дека Москва навистина се чувствува загрозена од Украина.

    Неговата избрзана изјава мораше да ја испегла неговиот прес-секретар Сергеј Никифоров со зборовите:

    „Колеги, отидовте малку предалеку со вашите нуклеарни хистерии и слушате „нуклеарни удари“ таму каде што ги нема“, напиша Сергеј Никофоров на Фејсбук, јавува РТ.

    Прес-секретарот вети и дека Украина никогаш нема да прибегне кон нуклеарни закани, нарекувајќи го тоа нешто што би го направила само „терористичката држава Русија“. Тој истакна дека пред да започнат непријателствата, „единствените мерки за кои разговаравме беа превентивни санкции“.

    Руските власти го обвинија Зеленски дека се обидува да предизвика глобална нуклеарна војна. Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, го опиша како „чудовиште, чии раце можат да ја уништат планетата“, откако бил напумпан со западно оружје.

    За првиот руски дипломат, Сергеј Лавров, повикот на Зеленски до членките на НАТО да распоредат нуклеарно оружје против Русија е потсетник зошто Москва започна воена акција против неговата земја.

    – Вчера, Зеленски ги повика своите западни господари да извршат превентивен нуклеарен напад врз Русија – изјави првиот дипломат на Москва за време на конференцијата за медиуми во средата.

    Лавров рече дека „специјалната воена операција“ на Русија е започната за да се неутрализираат тие закани. Притоа, украинскиот лидер „на целиот свет му го покажа најновиот доказ за заканите што доаѓаат од режимот во Киев“.

    Тој го отфрли како „смешен“ обидот да се минимизираат зборовите на Зеленски дадени од неговиот секретар за печат, Сергеј Никофоров.

    – Сите се сеќаваме како (Зеленски) во јануари ја објави намерата на Украина да се здобие со нуклеарно оружје. Очигледно, оваа идеја одамна му е заглавена во умот – рече рускиот министер.

    Скандалот со „нуклеарната“ изјава на Зеленски се случува токму на денот кога беше објавено дека добитник на Нобеловата награда за мир ќе бидат активисти од Белорусија, Украина и поранешниот Советски сојуз.

    Медиумите пишуваа дека Зеленски бил меѓу фаворитите за доделување на ова признание.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img