„Њујорк Тајмс“ открива што ќе биде приоритет во можните преговори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Украина ќе ѝ бидат поважни гаранциите дека Русија ќе сопре со агресијата на фронтот, отколку спорот за територија, изјавиле извори од украинската власт за „Њујорк Тајмс“.

– Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина – изјави Роман Костенко, претседател на комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент.

Друг висок украински функционер, кој сакал да остане анонимен изјавил:

– Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции.

Весникот пишува дека расте можноста да омекнат украинските преговарачки позиции по изборот на Доналд Трамп за американски претседател и неговите најави дека ќе ги забрза преговорите.

Во последно време, украинските сили губат територија на истокот на земјата, што ја ослабува нивната позиција во можните преговори. Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната на првиот ден од неговото претседателствување.

Од руска страна, Константин Затулин, политичар од партијата на Путин, оваа недела рече дека Русија може да прифати прекин на огнот долж линијата на фронтот до пролет, доколку Украинците бидат истиснати од Курск.

– Сè ќе се заснова на факти. Сè што имаме е наше, сè што има Украина е украинско – изјави политичарот.

Сепак, тврдокорните во Москва, вклучително и Константин Малофеев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерираат дека веројатно нема да се постигне договор до пролет.

- Advertisement -
Ad image

– Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина – смета бизнисменот.

Share This Article