More

    Њујорк ја доби првата продавница за легална продажба на марихуана

    spot_img

    Во Њујорк, во срцето на Менхетен, беше отворена првата продавница за легална продажба на марихуана за рекреативна употреба.Повеќе од 100 луѓе се собраа во продавницата во Ист Вилиџ, со која раководи непрофитната организација „Housing works“. Оваа група е посветена на борбата против СИДА-та и бездомништвото.

    Гувернерката на Њујорк Кети Хочул рече дека ова е „историска пресвртница во историјата на канабисот на Њујорк“, пренесе АФП.

    Таа рече дека очекува Њујорк да биде „национален модел за безбедна, урамнотежена и инклузивна индустрија“, која сега се гради.

    „Housing works“ е една од 36-те групи и поединци кои на 21 ноември добија дозвола за марихуана. Целта на државата Њујорк е првите 150 лиценци да ги добијат дилерите кои биле осудени за поседување или продажба на канабис во минатото.

    Хочул рече дека властите сакаат да го решат непропорционалното влијание на децениската забрана на марихуаната, што ги погоди афроамериканските и шпанските заедници.Даночните приходи од легалната продажба на марихуана ќе бидат инвестирани во заедниците низ државата за поддршка на јавните училишта, услугите за зависности, услугите за ментално здравје, домувањето и другите програми во заедницата, рече гувернерот на Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img