НСДП – Нова социјалдемократска партија најостро го осудува дивеењето на пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов во Собранието на Република Северна Македонија❗️
Нападот врз институцијата Собрание, нападот врз потпретседателот Горан Мисовски, генералната секретарка Цветанка Иванова е неприфатлив начин на однесување во парламентарните демократии.
За уништувањето на државниот имот и попречувањето на нормалното функционирање на Собранието одговорност согласно закон мора да има.
Нема да дозволиме деструктивци и вандали да го попречат европскиот пат на нашата држава.
Со овие девијантни постапувања пратениците на Левица го покажаа вистинското лице и нивната политика да одработуваат за интереси на трети држави, а против европскиот пат на државата.
Граѓаните силно треба да ја отфрлат ваквата политика која не води кон прогрес, туку кон хаос и безредие.