Мониторинг на Дива коза – Rupicapra rupicapra balcanica
Тимот на НП Галичица во соработка со МЕД/MES реализираа активности за мониторинг на дива коза во Национален парк Галичица.
На теренските активности беа воспоставени трансекти, точки за набљудување, како и останати процедури за моноторинг на овој вид.
На теренските активности, претходеа презентации и канцелариска работа за карактеристиките на овој вид и неговото живеалиште.