Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, синоќа вечераше со извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, во клубот Мар-а-Лаго на Флорида.
Стивен Милер, назначен за заменик-шеф на кабинетот во вториот мандат на Трамп, изјави дека Закерберг, како и други деловни лидери, сакаат да ги поддржат економските планови на Трамп.
– Марк очигледно има свои интереси, своја компанија и свои планови – рече Милер во интервју за Фокс њуз.
Портпаролот на Мета потврди дека состанокот бил одржан, при што било дискутирано за новата администрација на Трамп.
Фејсбук го суспендираше профилот на Трамп на крајот од неговиот прв мандат, по нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година. Меѓутоа, на почетокот на 2023 година, профилите на Трамп на Фејсбук и на Инстаграм беа обновени.
Американските медиуми го протолкуваа состанокот како обид за воспоставување подобри односи.