More

    Лани запленети дури 300 тони кокаин, но тоа е само мал дел што е фатен

    spot_img

    Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години поради растечкото производство во Јужна Америка, изјави извршната директорка на Европската полициска служба (Европол), Кетрин де Бол, за ДПА.

    – Не можеме целосно да го спречиме бидејќи побарувачката е превисока – додаде таа.

    Истовремено, Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против меѓународната трговија со дрога, со запленети над 300 тони кокаин само во текот на минатата година.

    – Европол никогаш немал толку добар увид врз шверцот со дрога како минатата година. Тоа се однесува и на меѓународните дистрибутивни канали и на домашната продажба – рече Де Бол.

    Поголемиот дел од кокаинот се шверцува од Јужна Америка во Европа по морски пат и влегува во ЕУ главно преку пристаништата Антверпен и Ротердам. Цариниците сѐ почесто пронаоѓаат големи количества дрога скриени во бродски контејнери.

    ДПА потсетува дека во Ротердам, во август, беше запленето најголемото количество дрога досега – во контејнер со банани беа пронајдени околу 8.000 килограми кокаин, вреден на црниот пазар околу 600 милиони евра.

    Европол верува дека запленетите пратки најверојатно се само мал дел од кокаинот што се шверцува.

    – Но, тоа почнува да им нанесува штети на бандите. Сѐ почесто тие се обидуваат да си го повратат запленетиот кокаин. А во меѓувреме, тие дури ги опремуваат пратките со уреди за следење за да можат да ја знаат нивната точна локација – истакна Де Бол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img