НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА РАДОСТ НА НАЈМЛАДИТЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Алекасандар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња.

Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.  Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид.

 

Share This Article