Руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 20.000 војници ќе го чуваат небото над Москва за новогодишните празници.
Меѓу нив, повеќе од 1.800 припадници на Првата армија за специјални намени на воздухопловните и вселенските сили за воздушна и противракетна одбрана ќе бидат на борбена задача на новогодишната ноќ, пренесува РИА Новости.
Првата армија за воздушна и ракетна одбрана ги извршува задачите за одбрана на Москва од воздушни напади и балистички ракети.
Војниците ќе бидат распоредени во единиците на противвоздушните ракетни сили, на радарските станици и командните пунктови.