Ново силно невреме попладнево ја зафати Словенија и се движи кон југоисточниот дел на земјата, соопшти еколошката агенција АРСО.
„Ново, посилно невреме ја зафати Словенија, почна од Горњи Посочје и стигна до ридовите Пољанска долина, Жир и Полхограј. Невремето со пообилни врнежи, при кои се можни и посилни налети на ветер и град, се движи кон југоисток“. соопшти АРСО.
Од видеото се гледа целиот ужас од невремето. Луѓе ги губат своите домови, поплавите ги „голтаат“ куќите.
Сообраќајно-информативниот центар соопшти дека поради силно невреме и град на возачите не им се препорачува да возат на релација Брезовица – Врхника.
До градот Чрна на Корошкем, кој беше целосно отсечен по невремето пред два дена, надлежните служби успеаја да постават итен макадамски пат до кој можат да пристапат теренски и возила за итни случаи. Евакуации и итна помош ќе има по таа рута, објави агенцијата СТА, повикувајќи се на владината канцеларија за информирање.
Меѓутоа, од некои делови на Черна на Корошкем, не е возможен пристап до други делови на градот. Утрото реката сè уште течеше низ центарот на градот. Се уште има проблеми со снабдувањето со струја, вода и мобилен сигнал.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб рече дека Словенија го започнала европскиот механизам за цивилна заштита, а побарала помош и од соседните земји.
Критично е и во делови од Хрватска, поради излевање на три реки.
Невреме проследено со грмежи, ветер и со град попладнево зафати одреден дел од Србија. Во следните часови, според РЗМЗ, повремени врнежи со грмежи ќе има во подрачјето на централна, источна и југоисточна Србија, како и во Банат.
Во одредени делови на Белград, како што соопштија од РХМЗ, имаше пороен дожд со грмежи, за среќа, не со интензитет како вчера.