Ал Наср го доведе Роналдо во јануари оваа година, откако Португалецот ги напушти Премиер лигата и Манчестер Јунајтед. Роналдо требаше да го води Ал Наср до шампионската титула, но не успеа во тоа.
Ал Итихад ја освои титулата. Роналдо на 16 натпревари постигна 14 гола, но тоа не беше доволно за да му помогне на својот тим. Саудијците се толку разочарани од Роналдо што не го ни вброија во најдобриот тим на сезоната.
Конкуренцијата на Роналдо во Саудиска Арабија следната сезона опасно ќе се зголеми. Ал Итихад во своите редови го донесе Карим Бензема и со тоа дополнително го засили својот тим, а има и некои други силни имиња кои Саудијците сакаат да ги доведат во своите клубови.