Ново истражување ги открива можните предзнаци на ова заболување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Истражување објавено во медицинско-невролошкото списание „JAMA“, открива симптоми на Паркинсонова болест кои може да се забележат кај пациенти години пред дијагнозата, како што се губење на слухот и епилепсија.

Првата студија од ваков вид во Англија го анализираше невродегенеративното нарушување кај прилично разновидна популација, во обид да се погледне одблизу како болеста влијае на сите типови на луѓе. Истражувачите притоа откриле дека ниту расната припадност ниту социоекономскиот статус не се поврзани со зголемена или намалена опасност од развој на Паркинсоновата болест. Испитувањата спроведени од тим на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, се сосредоточија на факторите на ризик и знаците пред дијагнозата.

За да го направат тоа, истражувачите анализираа медицински досиеја на повеќе од милион луѓе кои живееле во источен Лондон меѓу 1990 и 2018 година. Резултатите покажале дека оние кои страдаат од епилепсија имаат поголема можност да развијат Паркинсонова болест во подоцнежниот живот.

И покрај фактот што истражувачите наведуваат дека во овој случај не може да се исклучи Паркинсоновата болест предизвикана од лекови, ова не е првпат епилепсијата да се поврзува со ова заболување.

Стручњаците посочуваат дека губењето на слухот може да биде дел од оштетувањето на сетилната обработка што често доаѓа со развојот на оваа болест. Но, оштетувањето се манифестира на различни начини кај различни пациенти – преку видот, слухот, или дури и сетилото за мирис.

Покрај тоа, трудот укажа и на нови трендови во рамките на веќе познатите симптоми… Имено, откриено е дека треморот (тресењето) се појавува и 10 години пред дијагнозата, а проблемите со помнењето – до пет години пред официјалната дијагноза.

Share This Article