More

    Ново фијаско за Газа во Обединетите Нации

    spot_img

    Русија, Кина и Алжир го блокираа носењето на  американската нацрт-резолуција за прекин на огнот во Газа во Обединетите Нации. Пропадна уште еден обид да се запре војната на Блискиот Исток во ОН. Додека во претходните обиди минатите месец САД беше земјата која ставаше вето за прекинот, овојпат, на предлог на САД резолуцијата не помина.

    За резолуцијата гласаа 11 членки на Советот за безбедност. Гвајана беше воздржана.

    Американската абасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, по гласањето изјави дека Русија и Кина не сакале да гласаат „за “ само за да го видат неуспехот САД.

    – Русија уште еднаш ја стави политиката над напредокот – рече амбасадорката, пренесува Би-Би-Си.

    Во нацрт-резолуцијата се наведува дека „императив е итен и траен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Газа“ со цел да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони прегладнети Палестинци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img