Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трам во Палм Бич, Флорида.
– Разговараа за сите проблеми на светската безбедност со кои се соочува Алијансата – изјави денеска портпаролот на НАТО, Фарах Дахалах.
Тој не наведе повеќе детали за средбата.
Руте, кој е поранешен премиер на Холандија, по изборот на Трамп истакна дека сака да се сретне со него за да разговара за заканите што доаѓаат од Русија, Северна Кореја, Кина и Иран.
– Брзам да седнам со претседателот Трамп и да видам како колективно ќе се се соочиме со заканите – истакна Руте на 7 ноември, на маргините на Самитот на европските лидери во Будимпешта.
Тој тврди дека соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина не претставува закана само за Европа, туку закана и по мирот и безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и во Северна Америка.