Новиот закон предвидува испитот за државен службеник да може да се полага и на албански

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кога сакате да работите во државна администрација мора да го познавате државниот јазик. Мене ме интересира како тоа испитот за државен службеник може да се полага на албански јазик кога официјален јазик во државната администрација е македонскиот јазик. Јас се плашам дека овој закон на крајот ќе донесе хаос – рече Стефан Андоновски, заменик-министер во Министерството за информатичко општество и јавна администрација во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Андоновски вели дека лично многу му пречи кога ќе влезе во институција и не може да заврши работа затоа што службеникот не го познава македонскиот јазик.

– Мене не ми пречи да се вработуваат етнички Албанци, Бошњаци, Турци. Но мора да го знаат македонскиот јазик. Кога сакате да работите во државна администрација мора да го познавате државниот јазик. Незамисливо е во Америка службеник да не го зборува англискиот јазик иако голем дел од нив имаат мајчин шпански јазик – вели Андоновски.

Тој го коментираше пакетот закони за реформа во јавната администрација, кој е влезен во собраниска процедура.

– Се бараше јавна дебата за донесување на законите за администрација, но тоа не им беше дозволено на синдикатите. Законот за административни работници не соодветствува со барањата на ЕУ. Состојбата во администрацијата е дупло дно. Условите за работа во администрацијата се никакви. Во ова министерство се сменија четири министри и секој има своја политика па вработените се демотивирани, а тука е другото дно кое го чувствуваат граѓаните преку административните услуги – рече Андоновски.

Според него, брзањето во носење на овие закони не е до министерот Алиу туку коалицијата брза да го донесе бидејќи шест години се зборува за реформи, а резултатот е нула.

– Ако со ова темпо се менуваат работите на Македонија ќе ѝ требаат 3306 години да ги спроведе реформите. Но, не гледам зошто се брза пред избори да се донесе – вели Андоновски.

Share This Article