Новиот светски првак во шах, Индиецот Домараџу Гукеш, своевремено играл во шаховски клуб во Прилеп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11780619 Chess grandmaster Gukesh Dommaraju of India celebrates with his medal and trophy during a press conference in Chennai, India, 16 December 2024. Gukesh Dommaraju became the youngest ever Chess World Champion by beating Ding Liren of China in the best-of-14 games championships in Singapore. EPA-EFE/STR

Новиот светски првак во шах, Индиецот Домараџу Гукеш, своевремено играл во шаховски клуб во Прилеп. Гукеш настапувал за најтрофејниот прилепски шаховски клуб „Прилеп“ на 15-годишна возраст кога играл на Европскиот шаховски клупски куп во Струга.

Популарниот Гукеш Ди е најмладиот светски шампион во шах досега. Со само 18 години овој велемајстор од Индија ги надмина рекордите на најпознатите светски имиња во историјата на овој спорт. Гари Каспаров од Советскиот Сојуз стана светски шампион на 22 години, исто како и Норвежанецот Магнус Карлсен.

Чудото од дете за титулата светски шампион се натпреваруваше против актуелениот шампион Лирен Динг, Кинезот, кој во минатото беше член на шаховскиот клуб „Алкалоид“.

Гукеш стана најмладиот победник на „Турнирот за кандидати“, а ја носи и титулата втор најмлад велемајстор во историјата. Во јануари 2019 година тој доби статус на велемајстор на возраст од 12 години, 7 месеци и 17 дена, а рекордер е Русинот Сегеј Карјакин, кој својата велемајсторска титула ја стекнал само 17 дена порано од Гукеш.

Новата шаховска ѕвезда Гукеш ќе стане полнолетен на 29 мај 2025 година. Татко му е ОРЛ хирург, мајка му е микробиолог. Почнал да игра шах на седумгодишна возраст.

Гукеш е роден во Ченаи, во истото место каде што пораснал поранешниот светски првак Вишванатан Ананд. Тој имал седум години кога Магнус Карлсен првпат станал светски првак во 2013 година, а тој меч се одржа во неговиот роден град.
– Се сеќавам дека ја посетив салата за играње. Тоа беше нешто големо. Само што почнав да играм шах и такво огромно нешто се случи во мојот роден град – рекол Гукеш.

Share This Article