Африка станува ново бојно поле каде се пресметуваат интересите на Западот и Истокот, а меѓу другото и на Кремљ и Киев. Најновите информации на Волстрит Џурнал сугерираат дека рускиот лидер Владимир Путин назначил нов „пустински принц“ кој ќе го замени лидерот на платеничката војска „Вагнер“ на континентот, додека Си-Ен-Ен тврди дека Украина стои зад серија напади со дронови во Сирија со кои требало да се одврати ширењето на платениците.
Прво Либија, потоа Буркина Фасо
Кој ќе биде новиот Евгениј Пригожин во Африка? Волстрит Џурнал наведува дека Москва веќе го испрати својот заменик министер за одбрана Јунус-Бек Евкуров да го посети лидерот на бунтовниците во Либија – генерал Калифа Хафтар. Путин сака да му обезбеди до 1.600 платеници на „Вагнер“ на Хафтар, а Евкуров треба да ги договори работите.
Во замена Путин би добил можност да корист две важни либиски пристаништа во Средоземното Море, Тобрук и Бенгази. Пристаништата се оддалечени на само 650 километри од грчкото и италиjанското копно, односно од територијата на НАТО.
Во целата акција Евкуров треба да биде „новиот Пригожин“, личен гувернер на Путин за Африка. Тој своевремено дипломирал на престижната советска воена академија во Фрунзе, а исто како и Хафтар, по вера е муслиман. Евкуров деновиве го посети и шефот на воената хунта во Буркина Фасо, Ибрахим Траоре.
Во меѓувреме, ситуацијата натежна во Нигер, каде воената хунта ја презеде власта стравувајќи од странски влијанија.
Мали, Буркина Фасо и Нигер потпишаа меѓусебен одбранбен пакт, бидејќи трите земји Сахел имаат за цел да си помагаат едни на други против можни закани од вооружен бунт или надворешна агресија. Пактот се закани на западноафиканските земји од блокот ЕКОВАС дека секоја акција против нив ќе значи објавување на војна. Реториката на ЕКОВАС оттогаш омекна.
Украински дронови нападнаа во Судан
Во Судан, напад со дронови беше извршен од „не-суданска армија“, тврди Си-Ен-Ен, а според овој медиум, видеата кои се појавија на социјалните мрежи сугерираат дека Украина стои зад оваа акција. Извор за Си-Ен-Ен ги посочил за виновни украинските специјални служби.
Се работи за беспилотни летала ФПВ кои користат користат вградена камера која пренесува видео снимка во живо на мобилни телефони, на таблети или пак на паметни очила. Снимката им овозможува на пилотите да ја гледаат операцијата од перспектива на дронот. Си-Ен-Ен пишува дека се чини дека се работи за моделот „DJI MAVIC 3“.
И двата типа на овие беспилотни летала се комерцијално достапни и широко користени од украинските сили. Дронот „DJI MAVIC 3“ има максимален домет од 30 километри и дострел на видео-пренос од 15 километри и може да помине 46 минути во воздух, што би значело дека пилотот на дронот би го прелетал леталото внатре или многу блиску до градот.
Кремљ ќе војува со Киев на два континенти
Со дроновите во Сдан беше нападната паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), за која се верува дека добива помош од руската платеничка група „Вагнер“, во нејзината битка против суданската армија за контрола на земјата. Си-Ен-Ен истакнува дека не можеле самостојно да ја потврдат вмешаноста на Украина во серијата напади во Судан, но дека видеата што ги имаат ги откриваат карактеристиките на нападите со беспилотни летала во украински стил, односно со украински „потпис“.
Овие осум напади со дрон каде дронот директно ја погодува целта е многу нетипична за Судан, велат експертите. Според нив, ако Украина стои зад нападите, нападот ќе го прошири фронтот на војната на друг континент, одземајќи му го вниманието на Кремљ.