Новиот претседател на Аргентина го препополови бројот на министерства

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Преполовување на Владата е првата мерка што ја потпипа новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи по стапувањето на функцијата. Милеи го намали бројот на министерствата за половина, одржувајќи го ветувањето дадено за време на изборната кампања.

-Ова намалување беше неопходно за да се рационализираат активностите на националната држава и да се направат поефикасни“ – се вели во денешното соопштение на аргентинската Влада.

Милеи, ултра-либерален економист и самонаречен „анархо-капиталист“, го потпиша указот вчера, откако положи заклетва како претседател на церемонијата во Буенос Аирес, на која присуствуваа голем број светски лидери.

Бројот на министерства ќе се намали од досегашните 18 на 9. Со новите реформи на Владата, формирано е ново Министерство за човечки капитал, кое ги комбинира министерствата за социјален развој, здравство, труд и образование. Поранешното Министерство за жени, родови и различности сега е исто така подредено на Министерството за човечки капитал. Министерството за правда и човекови права сега ќе се нарекува само Министерство за правда.

Share This Article