More

    Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот

    spot_img

    Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот. Веќе е дадена наредба што побрзо да се спроведе во Собранието измената на законот за укинување на функцијата економски директор на клиниките.

    Денеска ќе бидат разрешени 7 или 8 в.д. директори од вкупно 14.

    – Денес се разрешуваат одреден број економски директори на коишто им завршува мандатот. За тие што се со малку поголем мандат, ќе ни требаат измени на законот. Сметајте дека за месец-два нема да има економски директори. Не сакам да нѐ тужат тие што имаат мандат до август-септември, па да одиме по судови – рече Таравари на првиот ден од стапување на новата функција.

    Економските директори во клиниките беа воведени во 2006 година. На Клиничкиот центар и во другите болници, вкупно имаше околу 30 економски директори, за што од буџетот само за плати годишно се трошеа нешто повеќе од половина милион евра.

    Таравари денеска кажа дека прво што ќе решава како министер е проблемот со мирисот на клиниките. Тој најави дека во наредните два дена ќе ги разгледа сите извештаи и најдоцна до петок ќе соопшти како ќе се решава овој проблем.

    – При денешната посета ми беше кажано дека во одредени хируршки сали нема мирис, а во одредени има. Јас очекувам да добијам извештај од досегашните испитувања и да видиме како најбрзо да го решиме овој проблем. Ми треба неколку дена за да донесам одлука, дали ќе одиме со решавање на проблемот со отварање на нова набавка и инсталирање на комплетно нов систем или ќе може овој да се поправи. Се надевам дека до петок ќе имаме одлука – рече Таравари.

    Тој потврди дека на Клиниката за кардиохирургија на директорското место е вратен доктор Марјан Шокаровски, кој беше разрешен од претходниот технички министер Илир Демири.

    Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.

    – Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде сѐ  синхронизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го оствариме спојувањето на Клиничкиот – рече министерот за здравство Таравари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img