More

    Новиот европски шампион го победи Алборг со само еден гол разлика!

    spot_img

    Барса го крена големиот трофеј во Лигата на шампионите, 12. пат се на тронот на Европа.

    Барселона водеше во текот на целиот меч, но не се одлепи, Алборг пристискаше цело време, многу често резултатот беше изедначен, така беше и по првото полувреме кога беше 15-15.

    Во вториот дел сликата беше иста, Барселона водеше, Алборг бркаше и израмнуваше, на крајот каталонскиот тим победи со еден разлика, 31-30. Малку фалеше натпреварот да отиде во продолжение, со последниот шут од девет метри по истекот на времето, Хансен ја погоди пречката.

    Најдобар стрелец кај Барса беше Ричардсон со девет голови, Мем постигна седум, Нгесан шест, во составот на Алборг, Хансен реализираше осум пати.

    Финалето го судеа најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

    Третото место го освои Кил кој со 32-28 го совлада Магдебург.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img