Новинарката на Путин во серијата видела каде е разликата меѓу Истокот и Западот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Главната уредничка на порталот Русија Денес(РТ) финансиран од Кремљ, Маргарита Симонјан, тврди дека гледањето на телевизиската серија „Пријатели“ ја научило дека постои „непремостлив јаз“ меѓу Истокот и Западот уште како дете, пренесува Б92. Некои Симонјан ја нарекуваат „новинарката на Путин“.

Симонјан, во неделата, исто така, ја оправда инвазијата на Украина како војна „за нашето право да ги воспитуваме нашите деца да бидат како нас, а не како нив“.

Пред 30 години, Симонјан, која моментално е под западни санкции, била во САД преку програма за размена на училишта. Отпрвин ѝ се чинело дека двете националности се многу слични, но набргу по гледањето на епизодата од серијата „Пријатели“ , таа вели дека сфатила дека постои јасна разлика помеѓу САД и нејзината Русија.

– Работите штотуку излегоа на површина со првото крчкање на тој зовриен ултралиберален наратив. Индициите беа мали, тешко забележливи. Ви треба навистина многу концентрација и внимание за ова да го видите во ТВ серијата „ Пријатели“ од 1994 година, која е веројатно една од најпопуларните американски ТВ серии на сите времиња и персонификација на американската култура – рече Симонјан.

На сличен став за Западот е и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната е битка против западните толкувања на слободата и толеранцијата и дека Западот промовира „отворен сатанизам“.

Share This Article