Синдикатите во Франција во четврток повторно повикаа на штрајкови и митинзи ширум земјата против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон.Надлежните очекуваат дека на протестот, кој сега е во 12-ти ден, ќе учествуваат од 400 до 600 илјади луѓе. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 во Париз.
Се очекува во петок Уставниот совет да ги соопшти резултатите од разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна.
Протестите се насочени против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Десничарската влада сака да ја затвори заканувачката празнина во пензискиот фонд со реформа.
Спорот се засили затоа што владата без гласање го протурка текстот низ Народното собрание. Протестите, кои беа мирни со недели, оттогаш останаа во сенка на масовното насилство.
Макрон сака реформата да стапи на сила до крајот на годината.