More

    Нови Сад се обедини за да ѝ помогне на храбрата Нина

    spot_img

    Малата Нина Нинковиќ насмеана продава крофни на централниот Плоштад на слободата во Нови Сад. Но, зад крофните и детската насмевка, всушност се крие тажна приказна. Девојчето продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко. Нејзиниот храбар потег ја трогна јавноста, а нејзините сограѓани решија да и помогнат.

    Неколку стотици луѓе направија долга редица на плоштадот во Нови Сад за да купат крофни од Нина и со тоа да помогнат во собирањето пари за лекување на нејзиниот татко Зоран.

    Ниту дождот кој падна при оваа акција не го расипа доброто расположение во центарот на градот, ниту пак ја отстрани насмевката од лицата на малата Нина и нејзината мајка Наташа, кои беа воодушевени од одзивот на своите сограѓани, пренесуваат српските медиуми.

    – Не мислев дека ќе има толку голем одзив. Многу сум среќна, ги споделила првите впечатоци на Нина.

    Како што наведува, оваа акција ја започнала со цел да му помогне на својот татко и драго и е што толку многу луѓе се приклучиле на нејзината хуманитарна акција.

    – Знаев дека мама и тато нема да можат сами, па сакав да помогнам да се обезбедат пари за лекување на тато. Бабата ми даде идеја да продавам крофни, а мама ја сподели на Фејсбук и така почнав, вели Нина.

    Нејзината мајка Наташа вели дека нејзиниот сопруг боледува од автоимуна болест која се развила по повреда на окото во 2016 година и оттогаш се обидуваат да обезбедат доволно пари за лекување на клиника во Москва.

    – Нина имаше желба да помогне и излеговме со крофни. Едноставно морав да и ја исполнам желбата, да продава крофни за да ни помогне во лекувањето на нејзиниот татко. Ова ми е голема утеха за сѐ она низ што поминавме. Мислам дека секој родител би сакал да го доживее ова од своето дете – вели Наташа Нинковиќ.

    Новосаѓани брзо се организирале и решиле да и помогнат.

    – Синоќа покренавме иницијатива на социјалните мрежи да стапиме во контакт со сите кои би можеле да се приклучат во правењето крофни, се со цел да се направи што поголема продажба и затоа побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одзивот е задоволителен, а она што се надеваме е да се приклучат што повеќе волонтери – вели за Блиц, Стеван Бабиќ од новосадскиот тим „Оди – промени“.

    Според него, оваа приказна и крофните создадени од чистата љубов на ќерката кон нејзиниот татко, повторно ги споила сите граѓани на Нови Сад.
    Во акцијата за помош во меѓувреме, се вклучи и српската Влада. Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали утрово најави дека ќе му помогне на Зоран Нинковиќ (48), чија ќерка Нина (11) продава крофни за да собере пари за неговото лекување.
    – Не е во прашање помош, пари има, ќе помогнеме. Побарав од министерот за здравство да стапи во контакт со нив и да видиме како можеме да помогнеме. Како и секогаш, и државата ќе помогне – изјави Мали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img