Нови обвинувања за оперската ѕвезда за сексуално вознемирување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго (83) се соочи со нови обвинувања за сексуално вознемирување од неговата шпанска колешка во ТВ програма емитувана во неделата, три години откако славниот пејач се извини за слични обвинувања.

Нејзиниот идентитет е заштитен, па во ТВ програмата се слушаше само гласот, а фигурата ѝ беше заматена.

Таа рече дека на почетокот на 21 век, Доминго се обидел непримерно да ја допре по една проба, а во друга прилика се обидел да ја бакне без оглед на нејзиното противење.

„Една од првите работи што ви ја кажуваат во нашите кругови е да не влезете во лифт сам со Пласидо Доминго“, изјавила жената за „Ла Секста“.

„Првиот пат почувствував непријатност кога бевме на проба. Тој (Пласидо) ми рече пред сите: „Слушај, може ли да ја ставам раката во еден од овие твоите убави џебови.“ Во тоа време носев панталони со извезен заден џеб. Ми беше мачно во желудникот бидејќи во тој момент размислував што да му одговорам за да продолжиме со пробата на вообичаен начин. Ако му кажам не, ќе има последици, а ако кажам да, не сакам ниту да помислам што може да се случи“, изјавила неименуваната Шпанка.

Жената рекла и дека тогаш не го пријавила Доминго ниту кај нејзините шефови, ниту кај властите.

„Тој е Доминго… недопирлив. Не би требало да биде, но јас сум во втор план“, рекла таа.

Агентите на Доминго не одговорија на барањата на новинарите да ги коментираат нејзините изјави.

Share This Article