Нови детали за хаосот на хрватските навивачи во Атина

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уште еден навивач се бори за живот по синоќешниот инцидент што го предизвикаа навивачите на Динамо Загреб пред дуелот со АЕК во Атина во Квалификациите за фудбалската Лига на шампионите, во кој еден навивач беше убиен, уште 8 се повредени, а 96 навивачи се приведени од грчката полиција.

Од повредените навивачи во инцидентот петмина се Хрвати, а тројца Грци, сите се хоспитализирани со сериозни повреди. Меѓу нив е и 17-годишното момче кое се бори за живот, објавија грчките медиуми.

Силни полициски сили пристигнаа на лице место за да го смират синоќешниот инцидент. Приведени се дури 96 навивачи, со цел да се расветлат деталите за случајот  и да се идентификува сторителот на грозоморното убиство на 29-годишниот навивач на грчки АЕК кој во инцидентот бил повеќекратно избоден со нож од хрватските хулигани.

Страшните настани започнаа во понеделникот доцна навечер кога навивачите на Динамо кои пристигнаа од Хрватска со автомобил направија хаос пред стадионот на АЕК. Хулиганите кршеа сѐ и удираа луѓе кои им се испречија на патот. Тие се обидуваа да упаднат во стадионот кој беше затворен. Преплашените луѓе ги затворија продавниците околу стадионот за да се заштитат од хулиганите.

Поради убиството на 29-годишен навивач на атинскиот тим, натпреварот меѓу грчки АЕК и Динамо Загреб ќе биде одложен, јавуваат грчките медиуми.


Натпреварот првично требаше да се одигра во денеска во 20:45 часот на стадионот „Опап Арена“ во Атина. Сепак, по грозоморните судири организаторите имаа итни средби со челниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА), по што беше одлучено натпреварот сепак, да биде одложен.

Информацијата се уште не е официјално потврдена од УЕФА, а не се знае ниту кога ќе биде новиот датум на одигрување на натпреварот. Освен одложувањето на средбата, постои сериозна можност Динамо Загреб целосно да биде исклучени од европските натпреварувања.

По повод одложувањето на натпреварот се огласи и АЕК.

– Во овој момент сметаме дека е незамисливо и параноично да учествуваме на состанокот, на кој се присутни и претставниците на Динамо Загреб, додека жалиме за загубата на животот на нашиот навивач и за она што се случи вчера – се вели во краткото соопштение на АЕК.

- Advertisement -
Ad image

Исто така, според грчките медиуми, на претходна средба, претставници на АЕК за тоа што се случило ги обвиниле хрватскиот клуб и полицијата, по што тие го напуштиле состанокот.

УЕФА на 3 август објави дека натпреварите од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК Атина и Динамо Загреб се прогласени за ризични и ќе се играат без присуство на гостински навивачи.

Share This Article