More

    Новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изнесе пред лицето на правда сите кои случајот Онкологија го ставаат под тепих

    spot_img

    Новата Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изнесе пред лицето на правда сите кои случајот Онкологија го ставаат под тепих, и оние кои се дел од ова грозоморно мафијашко здружување, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Кавадарци.

    – За неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и дека тие што ова го ставаат под тепих и тие кои се дел од ова грозоморно мафијашко здружување ќе бидат изведени пред лицето на правдата во најбрз рок и јас лично ќе побарам највисоки казни и за овие кои се обидуваат под тепих да го стават случајот но и за тие што се најодговорни што ова се случувало – рече Мицкоски.
    Тој рече дека случувањата околу Онкологија, во кои луѓе блиски до владејачките партии се здружиле и на маката на луѓето профитираат, е нешто што треба целосно да се одуси.

    Според Мицкоски, загрижува фактот што органите на прогонот овој случај како целосно да го ставаат под тепих, го игнорираат, го забораваат и до овој момент можеби повеќе од 10 дена, две недели нема ниту пак било каква информација за луѓето кои се вмешани во тоа дело.

    – Јавноста ги знае, не може да ме убеди ниту мене, ниту било кој дека тие кои ја водат истрагата не ги знаат имињата на луѓето кои се највиновни за тоа што се случувало на Онкологија во изминатиот период – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img