Новата цена на струјата ќе се знае по 2 недели

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали ќе поскапе струјата за домаќинствата ќе се знае за 2 недели. Моментално е познато дека ДДВ за струјата се зголемува од 5 на 10 отсто и дека ќе нема промени во блок тарифите за граѓаните.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека прво треба да завршат тендерите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на струја и на МЕПСО и Електродистрибуција за покривање на загуби, а енергетските компании ќе ги достават пресметките со трошоците до Регулаторната комисија за енергетика, па потоа да се утврди новата цена.

– Кога ќе завршат од компаниите ќе добиеме барање за определување на нивните цени за 2023 година. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е околу 400 евра за мегават-час и по колкава цена ќе може ЕСМ да му продава на универзалниот снабдувач ЕВН. Досега беше 48 евра за мегават-час –вели Бислимовски.

Во пресметките на цената на струјата, понасни Бислимовски,  не влегува увозот кој ЕСМ го прави во рамките на слободниот пазар, а е наменет за да се покријат загубите во пренос на МЕПСО и Електродистрибуција од околу 1.000 гигават-часови годишно.

– На ЕСМ му се дадени дополнителни обврски од државата, да обезбеди струја за техничките загуби во преносот на струја и тоа е околу 1.000 гигават-часови. Тоа не е обврска од законот за енергетика, туку наметната од Владата за да се избегнат големи трошоци на загуби – рече Бислимовски.

Бислимовски оценува дека блок тарифите се добри и ќе останат и во 2023 година. Досега домаќинствата заштедиле 16 отсто од потрошеното лани во истиот период, но како што рече допрва се очекуваат повисоки трошоци кај домаќинствата поради грејната сезона.

Тој рече и дека во 2023 година потребите за увоз на електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата ќе бидат 0 денари, а бил убеден дека ќе биле 0 денари и оваа година ако не се случеа преминувањата од слободниот на регулираниот пазар.

Share This Article